Усогласеност во работењето

Деловна усогласеност – усогласеност со важечките прописи, внатрешни акти и стандарди во работењето на компанијата

Месер Вардар Техногас Скопје, како една од компаниите на групацијата Месер, го усвои и имплементира Системот за управување со усогласеност (CMS) кој се применува за сите компании во рамките на групацијата Месер.

Системот за управување со усогласеност е организациски концепт кој подразбира активно и одговорно управување на компанијата со висок степен на интегритет, почитување на разновидноста и усогласеност со сите позитивни прописи и внатрешни акти, фер и сигурен бизнис, што е од голема важност за нас.

Основните принципи и вредности на организацискиот концепт се сумирани во Кодексот на однесување на Месер, кој се базира на десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации, кои се занимаваат со човекови права, трудови стандарди, заштита на животната средина и спречување на корупција.

Ние сме посветени на почитување на националните и меѓународните одредби за човекови права и општите етички принципи против детскиот и присилниот труд. Почитувањето на човековите права и одржувањето на фер работни услови ја формираат основата на нашата корпоративна филозофија и бизнис процеси. Ние веруваме дека секој вработен има право на фер третман, учтивост и почит. Овие принципи се зачувани во Месеровата декларација за човекови права, принципи и работни услови (понатаму: Декларацијата).

Во прилог на Кодексот на однесување, постојат општи насоки и индивидуални политики кои го регулираат управувањето и работењето на релевантните одделенија во секоја компанија на Месер Груп на еднаков начин, колку што е применливо, земајќи ги во предвид локалните прописи.

Очекуваме сите вработени да дејствуваат во согласност со Кодексот на однесување на Месер и Декларацијата. Во случај на сомнеж за исправноста на однесувањето, можно е да се провери преку тест за интегритет.

Ние исто така очекуваме нашите бизнис партнери да ги спроведуваат истите, општо прифатени, вредности содржани во Кодексот на однесување за бизнис партнери.

Почитувањето на овие вредности и сите стандарди на добар и чесен бизнис придонесува да не направиме горди на нашата компанија, да ја направиме сигурен работодавач и бизнис партнер, а во исто време и одговорен член на општеството.

Ние ја цениме посветеноста, професионализмот и претприемачкиот дух на нашите вработени, почитувајќи ги прописите и правилата на добриот бизнис. Ние обрнуваме внимание на проценката на ризикот, обуката и превенцијата, како и на откривање на можни неправилности, известување и навремен одговор во однос на елиминирање или намалување на штетата од нив.

На овој начин, ние придонесуваме за добрата репутација и успехот на компанијата и групацијата Месер, одржувајќи ја и подобрувајќи ја нивната позиција на пазарот.

Со цел да се постигне деловна усогласеност и да се поддржи менаџментот во спроведувањето на концептот за усогласеност, во Месер Вардар Техногас Скопје е назначен локален службеник за усогласување, додека на ниво на Месер Груп постои главен корпоративен службеник кој ја координира работата на локалните службеници за усогласување во компаниите на Месер.

Зоран Беќаровски

Извршен директор

Љубица Бошковска

Правна служба и лок службеник за усогласеност

 

Пријава за неусогласеност:

Ако мислите дека компанијата или еден од нејзините вработени можеби ги прекршиле важечките прописи или Кодексот на однесување на Месер, можете да поднесете пријава за неусогласеност преку е-пошта: compliance@messer.mk.

Можете да ги најдете упатствата на Messer Group за пријавување неусогласеност на: www.messergroup.com и да пријавите на: e-mail адреса: compliance@messergroup.com или преку веб-страницата www.messer.ethicspoint.com