Усогласеност во работењето

ВОДИЧ ЗА СЛУЖБЕНИК ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ

ВОДИЧ ЗА СЛУЖБЕНИК ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ

ПРЕАМБУЛА

Системот на вредности на Мессер Групацијата ГмбХ и нивната група на компании (Мессер Група1) треба да обезбедат однос кој што почива на фер игра, солидарност и доверба во нашите клиенти и конкуренција, како и заедништво помеѓу членовите не Мессер Групацијата и нејзините менаџери и вработени2.

Одговорноста за создавање, имплементација и мониторинг на адекватен организациски концепт треба да ја преземат Менаџерскиот орган на Мессер Групацијата ГмбХ, одговорните лица на Корпоративните оддели за нивните области на дејствување како и менаџерските органи за нивните компании.

Како поддршка на овие одговорни лица Менаџерскиот Орган на Мессер Групацијата ГмбХ назначи Корпоративен Службеник за Усогласување (ССО). Постојат исто така и Локални Службеници за Усогласување (ЛСОс), кои што се назначени од регионалните менаџери во договор со локалните раководни директори. Групата на службеници за усогласување со состои од раководител на Корпоративни оддели, кои што дејствуват во рамките на нивните оддели, така наречени службеници за услогласенот на оддели или области (ВСО).

Овој водич за службеници за услогласување (СО – водич) ги опишува статусот, задачите и овластувањата на службениците за усогласување во рамките на Мессер Групацијата. Тоа е дел од Мессер Кодексот.

Во рамките на своите одговорности службениците за усогласеност не ги извршуваат следниве должности:

  • Не вршат задачи коишто се должност на носителот на одредена операција
  • Надзорни должности во согласност со §§ 9, 30, 130 од Германската ОВВиГ или еквивалентни локални регулативи во правните системи на наcионалните подружници.

Доколку не е поинаку наведено, изразот службеник за усогласување во овој водич ќе ги вклучува ССО, ЛСОси ВСО.

§ 1 КОРПОРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ

  1. Корпоративниот службеник за усогласеност е лице за контакт со Мессер Групацијата за сите раководни директори, извршни директори, вработени, ЛСО и ВСО, особено во врска

 
   


 

1 За обемот погледнете во Кодексот на Однесување.

2 За подобро читање и разбирање на текстот избегнато е правењето разлика помеѓу формите за женски и машки род. затоа, било кој избран израз се смета за неутрален термин и вклучува лица од машки и од

женски род кои што имаат еднакви права и се третираат еднакво.

со Кодексот на Однесување и дел А од Водичот на Групацијата, како и за случаи каде што постои сомнеж за сериозно нарушување на Кодексот на Мессер.

  1. За да ја заштити својата индивидуалност како личност и за да ја зачува својата независност, за да ги одржи неопходниот континуитет и искуство, назначувањето на СС) е секогаш неотповикливо за барем две години, но може да дојде до отпуштање доколку постои оправдана причина.
  2. ССО е подреден на Менаџерскиот Орган од Мессер Групацијата ГмбХ, која што има власт да одлучува за задачите и овластувањата на ССО во рамките на менаџерските овластувања. Тука спаѓа правото на Менаџерскиот Орган да назначува СС) или да го повлече истиот од неговите задачи и овластувања во одделни случаи и со пisмена наредба. Инаку, ССО ќе дејствува независно и ќе ја извршува својата функција и нема да бара инструкции од претпоставените.
  3. Задачите на ССО вклучуваат:
    1. Поддршка на раководните директори, извршни директори, вработнеи, ЛСО и ВСО за релевантни прашања како што се Кодексот на Однесување, дел А од Водичот на Групацијата, како и овој водич, советување и подигање на свеста за истите, во поглед на интрпертација преку обуки и појаснувања;
    2. Придржување до Кодексто на Однесување, дел А од Водичот на Групацијата, како и водич во врска со содржините;
    3. Примање извешати за можни сериозни нарушувања3 на Мессер Кодексот;
    4. Доколку има доволно аргументирано сомневање, истрага и доколку е неопходно утврдување на можност на сериозно нарушување4 на Мессер Кодексот;
    5. Предлагање на мерки за спречување на повторување на сериозно нарушување и препорака за решение кое што Менаџерскиот Орган би го применил како соодветна санкција;
    6. Информирање на Менаџерскиот Орган од Мессер Групацијата ГмбХ во согласност со § 1 суб-пар. 8.
  4. Со цел верификација/потврдување на сомнителните случаи на сериозно нарушување на Мессер Кодексот кој што е пријавен, ССО може во било кое време да побара документи од сите канцеларии од компаниите на Мессер Групацијата и да бара информации. До степен дозволив со закон, ова вклучува итен пристап до релевантните информации во електронските медиуми. Тој има неспорно и трајно право да го користи постоечкиот мониторинг систем (на пр. корпоративна контрола, контрола на одделите итн.). Доколку не е поинаку регулирано со закон, извршните директори и вработените во Мессер Групацијата не можат да одбијат да ги објават документите или да дадат информации, и имаат обврска да дадат целосни и вистините информации. Отстапување од ова е сериозен прекршок и може да доведе до дисциплинска мерка, која што е казнива од страна на службеникот за персонал, во рамките на одредбите од применливите закони за труд.

 
   


 

3 За ова исто така погледнете во § 4.1 до 4.5 подолу.

4 За ова исто така погледнете во § 4.1 до 4.5 подолу.

  1. ССО има власт да донесува одлуки за прашање околу применливоста и интерпретацијата на овој водич, Кодексот на Однесување и дел А од Водичот на Групацијата. Во овој контекст тој може да се повика на стручноста на Правниот Оддел, другите централни оддели или надворешните експерти.
  2. Додека ги исполнува своите задачи кои што се споменати овде ССО има право да ги користи постоечките организациски структури, доколку тоа го налага случајот, да ги адаптира постоечките структури и да ја испитува ефикасноста на организациските структури. Па така тој може да се потпре на веќе постоечките организациски структури на посебните оддели, на одговорните регионални служнбеници и на раководните директори на индивидуалните национални подружници исто така и на надворешните обезбедувачи на услуги.
  3. ССО може сам да одлучува за организирањето и имплементацијата на истражните мерки во случај на сомнеж во врска со сериозно отстапување од Мессер Кодексот.

ССО поднесува извештај до Менаџерскиот Орган на Мессер Групацијата ГМбХ редовно и во одделни случаи, на барање, веднаш – доколку има сериозно нарушување на Мессер Кодексот за кое што тој е известен. Во спротивно поднесува извештаи еднаш годишно.

  1. Доколку постои оправдано сомневање дека Менаџерскиот Орган на Мессер Групацијата ГмбХ е вклучен во прекршок против Мессер Кодексот, ССО има право, со цел да избегне конфликт на интереси, под итно да ги информира акционерите на Мессер Групацијата ГмбХ на состанок за отстапувањето од Мессер Кодексот.

§ 2 Службеник за усогласеност на област (ВСО)

  1. Како резултат на нивниот статус, раководителите на Корпоративните оддели се службеници за усогласеност за нивните одделни оддели. Како такви мора да ја организираат нивната област на таков начин што ќе го почитуваат Мессер кодексот. Затоа што ВСО нема право на дисциплински мерки во одделите коишто му припаѓаат на неговото поле во националните подружници, овие оддели треба да бидат организирани во консултација со компетентниот раководен директор. Овде треба да се земат во предвид локалните или регионалните ситуации. Кога нема договор помеѓу ВСО и регионалните раководители, Менаџерскиот Орган на Мессер Групацијата ГмбХ ќе одлучува за таквите прашања.
  2. Задачите и овластувањата на VСО се следните:
    1. Менаџерите и вработените на централниот оддел како и одделите коишто припаѓаат на неговото поле во националните подружници
      1. Да ги поддржува и советува за релевантните прашања како што се Мессер Кодексот, особено дел В од Водичот за Групацијата и со него поврзаните политики, водичи итн. до таа мерка до која предметот се однесува на неговиот оддел.
      2. Да се подигне свеста преку обуки и појаснувања на интерпретацијата на правилата со референци за неговиот оддел поврзани со содржината (види под b) i), со цел да се спречат свесни и несвесни отстапувања од истите.

Онаму каде што тоа е корисно ВСО обезбедува материјал за обука на темите поврзани со неговиот оддел ( види подолу под b) i).

  1. За да се надгледува усогласеноста со регулативите коишто припаѓаат на Мессер кодексот, до онаа мерка до која што предметот се однесува на неговиот оддел. Ова се прави со специфични барања за контрола од ВСО то локалната организација или неговата сопствена контрола. Доколку е потребно ВСО обезбедува неопходен прашалник за внатрешна контрола и поддршка за контролниот тим со соодветен “know how” којшто е поврзан со релевантниот оддел.
  2. За или од неговиот оддел и соодветните оддели во регионалните подружници
    1. Да развие интерен водич, постапки и организациони правила (дел В од Водичот за Групацијата и политиките, водичите коишто се однесуваат на истото итн.). Тој основа организациски структури на корпоративно ниво за да се координира со задолжителните или препорачаните стандарди на однесување за неговиот сопствен оддел (како што се безбедносни стандарди, водичи од корпоративниот сметководствен и контролен прирачник, итн.). Ова треба да се направи со цел да има минимална контрола и во координација со регионалните лидери. Конечна одлука за обемот на регулативи коишто треба да се преземат од Менаџерскиот Орган на Мессер Групацијата. Имплементацијата и хармонизацијата на процесите е поддржана од редовните размени помеѓу локалните и централните оддели (на пример, како дел од состаноците на одделот).
    2. Да прима извештаи на можни отстапувања од Мессер Кодексот и во случај на доволно јако сомневање, да ги истражи истоте и да се увери во нивната точност.
  3. ВСО има власт за носење на одлуки за прашања како што се применливост и интерпретација на водичите, прирачниците итн. за неговиот централен оддел/сопствен оддел.
  4. Во рамките на одделот доделен на ВСО каде што може да преземе дисциплински мерки, ВСО исто така функционира и како ЛСО. Тој се грижи сите вработени кои што му се доделени за да му помагаат при дисциплинските перки да бидат редовно обучувани во оние области на Мессер Кодексот коишто се релевантни за нив,како и да бидат информирани за дополнувањата.

§ 3 Локален службеник за усогласеност (ЛСО)

  1. Во координација со релевантното локално менаџерско тело, одговорниот регионален менаџер номинира ЛСО. ЛСО може да функционира како ЛСО за неколку национални подружници со лично здружување. Во согласност со Мессер Кодексот ЛСО им помага на нивните национални раководни директори и извршните директори на националните подружници во создавањето и осигурувањето на Мессер Кодексот координираната организациска структура во релевантните национални подружници. Севкупната одговорност за Мессер Кодексот кој што е координирана организациска структура во

нивните национални подружници, останува на релевантните национални менаџерски тела.

  1. Во врска со оваа улога,следните обласни задачи се одговорност на ЛСО, под услов оние од

§ 2 да не се посебно алоцирани на ВСО:

  1. Да ги поддржува раководните директори, извршни директори и вработените во нивните национални организации за следните активности:
    1. Советување за прашања во врска со Мессер Кодексот. ЛСО е точката за контакт помеѓу извршните директори и вработените, за прашањата за разјаснување на сомневања поврзани со применливоста и интерпретацијата на Мессер Кодексот во консултација со ССО и комуницирање со локалните подружници.
    2. Подигање на свесноста за важноста на Мессер Кодексот преку обуки и појаснувања, со цел да се спречи свесно или несвесно отстапување од Мессер Кодексот. Доколку е побарано, ЛСО ќе позајми поддршка за организација, координација и документација на внатрешните како и надворешните обуки. Локалниот менаџмент како и релевантните локални/централни менаџерски органи и деловни области се одговорни за содржините и имплементацијата на обуката.
    3. Поддршка за локалната имплементација на Мессер Кодексот.
    4. Поддршка за локалниот Менаџерски орган, така што (а) Мессер Кодексто можат да го видат сите вработени и сите вработени да знаат каде и како може да се види Мессер Кодексот и (b) сите вработени ќе имаат или ќе се стекнат со знаење за „црвената линија“ и е- адресата преку постојана и секогаш пристапна огласна табла, доколку сакаат да испратат било какви извештаи за отстапување од Мессер Кодексот.
    5. Поддршка за локалниот Менаџерски Орган да се придржува кон Мессер Кодексот со локалното законодавство и да се преведе на локалниот јазик.
    6. Редовна комуникација и да се информирааат за да бидат во тек со новите карактеристики на Мессер Кодексот локалните раководни директори, менаџери и вработени.
    7. Примање извештаи на можни отстапувања од Мессер Кодексот како централна личност за контакт и доколку е неопходно, спроведување на истраги како и носење на конечни одлуки во врска со пријавеното отстапување.
  2. Да го информира ССО во врска со
    1. Сомневањето за сериозно5 нарушување во индивидуални случаеви, веднаш по добивањето на информација за тоа. ЛСО ке испрати извештај6 од истрагата до ССО и редовно ќе го информира се до комплетирање на истрагите.
    2. Сите процеси релевантни за Мессер Кодексот во рамките на релевантната регионална подружница еднаш годишно како дел од извештајот за

 
   


 

5 За ова види § 4.3.

6 Во согласност со темплејтот достапен од ССО.

координација. Извештајот за кооридинација треба да биде поднесен до ССО годишно не подоцна од 31 Јануари.

§ 4 Известување и истрага за можно отстапување од Мессер Кодексот

  1. Сите вработени имаат можност да пријават прекршување на Мессер Кодексот на ЛСО, ВССО како и на ССО. Треба да се следи водичот за дискреција која што е ветена во согласност со § 4.4, доколку тоа го побара лицето кое што известува.
  2. Во основа, извештаите за наводните отстапувања и нивните истраги треба да се спроведуваат во рамките на релевантната организациска единица т.е. во рамките на одделот, одделението, националната подружница. Особено, отстапувања во врска со опсервација на барањата кои што се внатре во Мессер, треба првенствено да бидат истражувани од оние кои што се надлежни во засегнатите организациски единици, со активно вклучување на ЛСо и/или ВСО.
  3. ССО треба да биде веднаш информиран и да биде повикан доколку има сомнеж за сериозно нарушување на Кодексот. Ова е особено случај,
    1. При кривичен прекршок,
    2. Сомневање за голема финансиска загуба за компанијата или Мессер Групацијата (повеќе од 100 Т ЕУР).
    3. Стравување за значајна штета на репутацијата на комапнијата или Мессер Групацијата.
  4. Како дополнување на дискусијата и контактот со службеникот за координација, достапни се бесплатна линија (+49 (0) 800 447 1000) и е-маил контакт (compliance@messergroup.com) за известување за прекршоци. Треба да се изготвуваат извештаи со уточнување на идентитетот на известувачот. По барање, идентитетот на известувачот може да се чува во дискреција. Анонимни извештаи ќе бидат земени во предвид само во исклучитени околности, и ќе се испитуваат само доколку извештаите се доволно прецизни и повикуваат на должност за истрага поради сериозноста на наводните прекршоци. Примателот на пораката мора на писмено да го документира следново:
  1. Кога и како е добиена пораката.
  2. Идентитетот на лицето кое што информира.
  3. Кој, кога, кој прекршок се претпоставува дека е направен.
  4. Кои специфични факти за сомнеж и докази се присутни.
  5. Кога и кому пораката веќе е испратена.
  1. Доколку сомневањето е испитано, треба да биде дефинирано со конкретни термини колку што е можно подобро преку фидбек од лицето кое што информира за наводното отстапување, па така врз основа на проверка на заклучоците и доколку е потребно, да се преземат и други истражни мерки. Понатамошната доследност на пораката треба да биде третирана со испитување на предадените, спомнати или на друг начин достапни докази и со повикување на сведоци. Внатрешниот преглед или доколку е неопходно, тимот за контрола од одделот треба да бидат вклучени во истрагата после претходна консултација со ССО. Пожелно е да се информира и доколку е неопходно да се испита

лицето кое што е осомничено за прекршок, во рамките на бараниот обем и време за истрага.

Намерното неоправдано необзнанување самото по себе претставува прекршок на Мессер Кодексот и нема да се толерира и соодветно ќе биде казнето. Истото важи доколку во конкретен случај се пријави сомнеж, но не биде истражен поради недоволно причини.

  1. Со исклучок на истрагата, треба да се подготви извештај од истрагата во согласност со темплејтот наведен од ССО и содржината треба да се надоградува се до завршувањето на истрагата. Покрај содржините на документацијата која што веќе е наведена погоре во дел 5 во последната реченица,
  1. Наведеното сомневање треба да се именува поткрепи и оправда, доколку не се иницира понатамошна истрага после проверката на заклучокот.
  2. Треба да се наведат истражните мерки, можните коментари од осомничениот, докази и сведоци,како и знаењето стекнато од случајот.
  3. Треба да се резимираат истражните резултати и одлука за мерки, санкции или понатамошната постапка. Треба да се надгледува и документира имплементацијата на на тој начин споменатите мерки.
  1. Одлуката за примена на мерки за корекции и санкции е задолжителна доколку,
  1. Постои сериозен прекршок или во случај на конфликт на интереси на лицата одговорни за организациската единица (на пр. регионален менаџер, менаџер на област или менаџер на оддел), исклучиво на Мессер Групацијата ГмбХ, или во случај опишан во § 1 бр. 8 на состанокот на компанијата.

во сите други случаи

  1. За сите дисциплински одговорни лица на релевантната организациска единица (на пр. регионален менаџер, менаџер на област или менаџер на оддел), и кои што се потврдени од релевантното Надзорно тело на националните подружници до бараната мерка.
  2. Треба да се обезбеди временско вклучување на претставниците на вработените во компаниите со претставување на вработен.

Бад Соден, 01.10.2018

              Мессер Групација ГмбХ

   Штефан Мессер                                    Др. Уве Бехнолф                                                         Ернст Бодe

Главен Извршен Директор                    Главен Финансов Директор                                  Главен Оперативен Директор