СПЕЦИЈАЛНИ ГАСОВИ ОД МЕСЕР
Како водечки специјалист за индустриски гасови, Месер нуди широк спектар на специјални гасови. Во широкиот спектар на производи вклучува течен хелиум, гасови со висока чистота, ретки гасови, стандардни и индивидуални гасни мешавини и потребна опрема за специјални гасови. Барањата на овие производи се специфични и разновидни, како и нивните области за примена.
Сигурниот квалитет на производот е од суштински услов за специјалните гасови. Усогласеноста со одредени спецификации на производи се заснова на строга контрола на квалитетот. Огромното и долгогодишното искуство како и високо квалификувани вработени во областа на развојот, производството и аналитиката ни овозможуваат постојано да ги исполнуваме барањата за висок квалитет на нашите клиенти.
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ МЕСТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО
Месер работи на погони за производство на специјални гасови во Европа, Азија, Америка. Во Европа, нашите погони се наоѓаат во Белгија, Франција, Австрија, Швајцарија, Србија и Унгарија. Благодарение на децентрализираното производство, ние нудиме близок контакт со нашите клиенти. Во исто време, благодарение на централизираната координација на нашите фабрики, нудиме производи со постојан и висок квалитет. Покрај генералниот систем за управување со квалитет, во согласност со EN ISO 9000 family , четири наши Eвропски погони за производство на специјални гасови се акредитирани како лаборатории за калибрација, во согласност со EN ISO / IEC 17025. Со уште дополнителна акредитација според EN ISO 17034, е нашата Швајцарска лабораторија која има признание дека ги исполнува највисоките барања за квалитет и компетентност потребни за производство на сертифицирани референтни материјали.
ПОРТФОЛИО НА СПЕЦИЈАЛНИ ГАСОВИ
Портфолиото на производите –специјални гасови вклучува широк спектар на високо квалитетни производи - од течен хелиум до широк спектар на чисти гасови и стандардни мешавини, како и мешавини од гас, направени според индивидуални спецификации на клиентите. Опциите за испорака се движат од мешавини на гас во цилиндри под притисок до испорака на големо на чисти гасови, од технички до 6.0-квалитет. Нашите клиенти имаат корист од надлежностите на специјалистите на Messer за решавање на проблемите прикажани за време на индивидуална консултација.
Само со нивната примена, гасовите стануваат корисни. На пример, додека течниот хелиум се користи за ладење на МRI (магнетна резонанца) апарати, хелиум се користи за подигнување на балони, а при поголема чистота функционира како носител на гас во гасната хроматографија. Се разбира, овие апликации поставуваат сосема различни побарувања за производот, формата на испорака, користената опрема и понудените услуги. Eкспертите на Месер работат заедно со корисникот за да развијат оптимален концепт за секој поединечен случај
Безбедноста е секогаш најголем приоритет. Mесер обезбедува информации за својства на гасот, безбедното ракување со гасот и упатствата за безбедност. Клиентите кои користат голем број гасови за калибрација за во лабораторија, можат да ја користат online алатката myLab.