Водород

Водород

Што е водород - водород во боци – достава на водород со треилер – технологија на примена на водород – набавка на водород

ВОДОРОД - H2


Што е водород? Водородот е атом, со симбол H, атомски број 1 и атомска маса 1.0079. Гасот водород е хемиски елемент што се појавува кога два водородни атоми се соединуваат и формираат Н2. Во 1671 година, водородот за прв пат го спомнал Артур Дојл, но името му го дал Антоан Лавозиер околу 200 години подоцна. Се нарекува водород, бидејќи тој (исто така) се создава со електролиза на вода. Водородот е многу експлозивен гас и создава една од највисоките температури на пламенот. Пламенот не е видлив (ултравиолетово).


ПРИМЕНА НА ВОДОРОДОТ 
ВОДОРОД КАКО ЕНЕРГЕТСКИ НОСИТЕЛ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПОТРЕБА 


Водородот се поврзува (создава хемиски врски) со други елементи во егзотермичка реакција. На пример, водата се создава со согорување на водород со кислород. Затоа водородот се смета веќе 50 години како алтернатива на фосилните горива. Во последно време водородот се споменува во медиумите поради потребата за привремено складирање на енергијата од ветрот и соларната енергија за време на пиковите, а потоа пуштање на енергијата во електричната мрежа, ако има помало производство.


ВОДОРОДОТ КАКО ПОЧЕТЕН ЕЛЕМЕНТ НА ХЕМИСКИ РЕАКЦИИ


Водородниот атом се наоѓа во повеќето органски соединенија и се користи во хемијата како почетен производ на многу процеси. Водородот се произведува локално на база на фосилни горива. Во моментов, се спроведуваат истражувања на алтернативи засновани на зелен водород (преку електролиза со енергија од ветер и соларна енергија).


ДРУГА ПРИМЕНА НА ВОДОРОДОТ 


Водородот исто така се користи во прехранбената индустрија за хидратизирање на масти, во обработка на метали, за заварување како заштитен гас (форминг гас и други) а има и други мали примени.

КОНВЕНЦИИ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДОРОДОТ НА ПР. ВОДОРОД 5.0


Квалитетот на гасот се изразува во број на деветки во чистотата. Кога ќе видите водород 5.0, водород 6.0, .. или кој било друг број после името на гасот, тој ја искажува чистотата, каде првиот број го претставува бројот на 9-ки во чистотата, а бројот по точката последната цифра од чистотата. Водород 5.0, според тоа е 99,999% чист гас. Останатите компоненти се наведени во техничкиот лист со податоци за гасот. Ова нè води кон друг важен аспект на квалитетот: бидејќи водородот често се користи во прехранбената индустрија, преостанатите компоненти не смеат да бидат токсични или мирисаат. Затоа водородот (и неговите мешавини) во примената во храна понекогаш се нарекува „ FOOD GRADE“ (погоден за употреба во храна)   бидејќи процесите на производство и синџирот на снабдување се дизајнирани на таков начин што квалитетот на FOOD GRADE може да се гарантира до употребата. Во Messer го нарекуваме нашиот  Водород за во храна GOURMET H, при што GOURMET го означува квалитетот на гасови за употреба во храна, а H – Водород.
Квалитетот за примена во  автомобилската индустрија се нарекува HYDROGEN ICE. Прочистен е, па  на тој начин се избегнува загадување на катализаторот во ќелиите на горивото (елементот што го претвора водородот во електрична енергија и произведува вода како отпаден производ).


СВОЈСТВА НА ВОДОРОДОТ 


За повеќе информации за својствата, како и лесен калкулатор за конвертирање на различни единици, Messer ја предлага својата апликација за смартфони или во Apple Store или Android Play


БОЦИ ЗА ВОДОРОД 


Постојат боци за гас во различни големини и со различни притисоци. Во зависност од видот на гасот во боцата, "рамото" на боцата има различна боја, која е стандардизирана според европскиот стандард EN 1089-3. Во случај кога се работи за водород, тоа е црвено (експлозивен гас). Преглед на различните бои на боците со гас може да се најде овде.
Во индустријата се користат боци со гас од 200 бари. Постојат примени и до 500 бари, како што се резервоари за водород во автомобилите.
Како и сите боци, нашите боци со гас се третираат однатре, се сушат и хемиски се неутрализираат. На овој начин можеме да гарантираме оптимална чистота и да избегнеме нашите клиенти или нашите вработени да бидат изложени на одредени ризици затоа што боците со гас не биле третирани правилно од претходниот корисник.
Бидејќи боците доаѓаат во различни форми и притисоци, важно е да се користи соодветна опрема. На овој начин гасот за Вашата примена доаѓа наполнет  под соодветен притисок и  проток. За боците со водород, навојот варира од земја до земја.
За големите потрошувачи, водородот е исто така достапен во батерии (поврзани системи од 8-20 боци). За многу големи клиенти, батериите со боци со гас се монтираат на треилер (приколка) 

Во хемиската индустрија и кај другите големи клиенти, со постапка на реформирање со пареа се обезбедува потребната количина водород за клиентот. За одредени проекти за обновливи извори на енергија, употребата на големи електролизатори за производство на водород е исто така многу актуелно. За повеќе информации контактирајте ги нашите специјалисти 

СНАБДУВАЊЕ СО ПОГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ СО ВОДОРОД ВО КОНТЕЈНЕРИ 


Клиенти кои имаат големи потреби за водород можат да се снабдуваат преку друмски сообрќај. На локацијата на клиентот се поставува резервоар под притисок од 40 бари (на пр. големини од 50 или 100 m3 волумен на вода). Камионите се растовараат со трансфер на притисок на статичните резервоари. Прагот за производство на водород на лице место е релативно низок (или со електролиза или со ендотермичка реакција од јаглеводородот) бидејќи не е економично да се транспортира водород со друмски сообраѓај (помалку од 10% од товарот на камион ќе биде водородот, бидејќи водородот не може лесно да се компресира). Повеќе информации побарајте од специјалистите за водород во Месер.
Течниот водород е достапен само во неколку земји,  бидејќи врие на температури близу до апсолутна нула, а трошоците за втечнување се многу високи, па втечнувањето нема никаква исплатливост.

БЕЗБЕДНОСНИ ЛИСТОВИ /  ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ВОДОРОД


За повеќе информации, користете го нашиот пребарувач на производи на оваа веб страна


КУПУВАЊЕ НА ВОДОРОД


Можете да купите водород како компанија или како приватно лице на едно од нашите дистрибутивни места во Вашата земја. Повеќето клиенти ги нарачуваат боци преку Интернет или по телефон. Во зависност од локацијата за дистрибуција, можете да ги превземете боците или да Ви ги испорачаме. Јавете ни се за повеќе информации во врска со опциите за испорака.
 

Дистрибутивни центри

Дистрибутивни центри

Дистрибутивни центри во Ваша близина – опција за превземање или испорака – Опрема „совршен спој“- Опции за нарачки - Безбедносни аспекти

Asset Publisher

Asset Publisher