Политика за квалитет и безбедност на производот - Messer Vardar Tehnogas
Breadcrumb
Asset Publisher
Политика за квалитет
- Zoran Bekjarovski
- -
- Sep 07, 2020
- -
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОД
Наше мото:
“ЈА СЛЕДИМЕ САМО, И САМО ТРАЕКТОРИЈАТА КОЈА ЈА ТРАСИРА КУПУВАЧОТ”
Бизнис цел на Мессер Вардар Техногас, е:
“ДА БИДЕМЕ СЕКОГАШ ЧЕКОР НАПРЕД, ВО ОБЛАСТА НА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕХНИЧКИ, МЕДИЦИНСКИ И СПЕЦИЈАЛНИ ГАСОВИ, СЛЕДЕЈЌИ ГИ РАЗВОЈНИТЕ ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ И СТРЕМЕЈЌИ СЕ ДА СЕ ДОСТИГНЕ НАЈДОБРОТО- НЕ ПРВИ, НО ЕДИНСТВЕНИ”
Потврда на успешното оржување на Системот за управување со квалитет и Системот за безбедност на храна, се темелат на следново:
- Стручното оспособување на нашиот персонал, за производството на квалитетен и безбеден производ,
- Мотивирање на вработените и подигнување на нивото на тимското работење,
- Почитување на желбите и потребите на нашите купувачи,
- Производство на високо квалитетен и безбеден производ, кој е основа за производство на квалитетна и безбедна храна која ги задоволува потребите на потрошувачите,
- Постојано подобрување на системот за управување со квалитет и безбедност на производот,
- Грижа за работната средина со имплементација на принципите на добра хигиенска пракса-ДХП и добра производна пракса-ДПП,
- Грижа за животната средина во и надвор од компанијата,
- Реализација на производство на безбеден производ засновано на исполнување на меѓународни законски прописи, стандарди, ЕУ директиви, регулативи и сл.,
- Подигање на конкурентската предност на пазарот, со континуирано иновирање на нови производи,
- Беспрекорна грижа и контрола на квалитетот на суровината, контрола на производот во текот на производството и контрола при испорака на производот,
- Изведување на интерни проверки на системот за управување со квалитет и безбедност на храна,
- Примена на современа технолошка опрема и современи технолошки постапки,
- Планирање на финансиските средства за одржување на системот за управување со квалитет ISO 9001:2015, системот за управување со заштита на жиотна средина ISO 14001:2015 Системот за управување со безбедност на храна FSSC 22000 rev. 4.1 и HACCP системот.