Известување - зголемување на цената на електричната енергија - Messer Vardar Tehnogas
Breadcrumb
Asset Publisher
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈАТА ПРОДОЛЖУВА
- Daniela Dankovic
- -
- Aug 26, 2022
- -
- Macedonian |
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈАТА ПРОДОЛЖУВА
Почитувани соработници,
Од септември 2021 година, соочени сме со експоненцијално зголемување на трошоците поврзани со тековните цени на електричната енергија.
Убедени сме дека ова зголемување ќе се стабилизира, но со оглед на влијанието врз нашите производи, не ни останува ништо друго освен да го балансираме со минимална доплата на цената на производот, како дополнителен додаток за електрична енегрија. Овој дополнителен додаток ќе се дефинира на месечно нив. Кога цената на електричнта енегрија ќе се врати на почетната состојба (77,50 €/MWh), Месер Вардар Техногас ќе престане да го наплатува овој додаток.
Земајќи го во предвид просекот на месец Јули (просечно 370,00 €/MWh), доплатата во месец Август ќе биде следните износи:
- Доплата за Течен Аргон: 64,00 €/тон
- Доплата за Течен Кислород: 46,00 €/тон
- Доплата за Течен Азот: 46,00 €/тон
- Доплата за Течен течен јаглерод Диоксид: 33,00 €/тон
Ние во Месер Вардар Техногас, разбираме дека ова има огромно влијание врз организацијата на сите, но не можеме да ги вклучиме овие исклучителни зголемувања на нашите трошоци, без последици за нашите услуги.
Погледнете ја еволуцијата на цените на електричната енергија на неделно ниво, како што се тргува на берзата HUPX