Општи услови за набавка - Messer Vardar Tehnogas
Breadcrumb
Asset Publisher
Општи услови за набавка
- Zoran Bekjarovski
- -
- Aug 25, 2022
- -
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА НАБАВКИ (ОУ)-МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС (МВТ)
Овие услови за набавки имаат ексклузивна важност. Други (отстапувачки, спротивни или дополнителни) услови на Снабдувачот важат само ако се писмено потврдени од МВТ. Ова се применува и ако МВТ нема забелешки на другите услови или ако ја прими испораката без приговори. Овие услови за набавки исто се применуваат и на идните трансакции со Снабдувачот.
1. Понуда
а)Во својата понуда, Снабдувачот ќе се прилагоди точно на барањата на МВТ; Снабдувачот експлицитно ќе ги наведе сите отстапувања.
б)Понудата од Снабдувачот е обврзувачка.Таа мора да биде комплетна и разбирлива.
2. Нарачка и Потврда на нарачката
а)Само писмени понуди важат. Барања во друга форма стануваат валидни со писмена нарачка. Снабдувачот ќе издаде потврда на нарачката без одлагање. Заменски договори стануваат валидни само ако се потврдени написмено од МВТ.
б) Исполнувањето на нарачката се смета како прифаќање на овие услови за набавка од Снабдувачот.
в)Снабдувачот е одговорен на МВТ за исполнување на договорните обврски кога вклучува под-снабдувачи исто како да се работи за него самиот. Без претходна писмена согласност од МВТ, Снабдувачот не смее да ги исполнува своите договорни обврски преку трети лица.
г) Ако Снабдувачот не ја потврди написмено нарачката во рок од 14 дена од приемот, МВТ може да ја повлече нарачката без никакви обврски.
3. Место и Време на испорака
а)Местото на испорака наведено од МВТ е место на исполнување. Ризикот од загуба или уништување на стоките минува на МВТ со приемот на стоката на местото на исполнување. Ако приемот е потврден, тој го определува преминот на ризикот.
б) Датата на испорака наведена во нарачката е обврзувачка. Порана испорака е можна само по договор. Приемот на испораката или, ако е предвидено во законот, приемот на местото на испорака наведено од МВТ е решавачко како додаток на датата на испорака.
в)Веднаш штом Снабдувачот ќе предвиди одлагање на испораката (или делумна испорака), веднаш ќе го информира МВТ написмено, вклучувајќи ги причините за одлагањето и претпоставеното траење. Правата на МВТ поради задоцнување нема да бидат со тоа исклучени.
г) Ако Снабдувачот не испорача во договореното време, одговорен му е на МВТ според императивните одредби.
д) Во случај на доцнење со испораката МВТ има право на договорна казна во висина од 1% од вредноста на нарачката за секоја недела на задоцнување, но не повеќе од 5% од вредноста на нарачката. Сите други императивни норми се применуваат. МВТ ќе ја фактурира наплатата на договорната казна најдоцна со плаќањето на фактурата која следи по задоцнетата испорака.
е)Во случај на предвремена испорака МВТ го резервира правото да ги врати добрата на трошок на Снабдувачот. Ако предвремената испорака не е вратена, МВТ ќе ги складира добрата на ризик и трошок на Снабдувачот. Во тие случаи рокот за плаќање останува непроменет.
ж)Делумните испораки се прифаќаат само изразено написмено. Ако такви делумни испораки се договорени, остатокот за испорака мора да биде изразен на испратницата.
з) Снабдувачот може да се повика на недостаток на документи обезбедени од МВТ само ако претходно му испратил потсетување во писмена форма и не ги добил документите без одлагање.
4. Прием
Уредите за испорака што треба да се инсталираат на постројка на МВТ ќе се прифатат ако инсталацијата е изведена според договор и тестирана успешно.
5. Гаранции и одговорност
а)Снабдувачот гарантира дека испораката нема недостатоци кои ја намалуваат нејзината вредност, подобност за употреба или каква и да е состојба или квалитет според договореното или гарантираното. Недостаток ќе се смета и несоодветен дизајн од аспект на прифатените правила на технологијата. Одобрувањето од МВТ на табели и пресметки на Снабдувачот не влијае на гаранциите и одговорноста на Снабдувачот..
б)МВТ има право на целосни гарантни побарувања ако, заради крајно невнимание, немал сознанија за недостатокот во време кога го склучил договорот.
в) Обврската на Снабдувачот за проверка на испорачаните добра е ограничена навидливи недостатоци при надворешна проверка, вклучувајќи ги документите за испораката или мостра-случаен примерок (на пр.штета при транспорт, неточна или недоволна испорака). Обврската за проверка и известување за недостатоци постои во сите случаи, дури и ако добрата се предадени во сопственост на МВТ или се предадени на транспортер, слободен превозник или агент претходно, само кога добрата се испорачани во местото на испорака наведено од МВТ. Во случај на скриени недостатоци, постои задолжителен период за пријавување на истите од 14 дена сметано од откривањето.
г) Снабдувачот има одговорност за сите недостатоци или кршење на договорот е определена од задолжителните одредби. Независно од другите права, МВТ има право, по сопствен избор, да бара отстранување на недостатокот или ипорака на нови добра без недостаток. Во случај на доцнење на Снабдувачот со отстранување на недостатоците или замена на добрата, МВТ има право на трошок на Снабдувачот самиот да ги отстрани недостатоците или да набави други од друг снабдувач.
д) Отстранувањето, демонтажата и враќањето на одбиената испорака е на трошок и ризик на Снабдувачот. Замената ќе се испорача и инсталира на трошок и ризик на Снабдувачот на местото на употреба. За заменетите или поправените добра гарантниот период започнува да тече одново.
ѓ)Снабдувачот гарантира дека права на трети лица не се повредени во врска со исполнувањето на неговите договорни обврски. Се обврзува да го заштити МВТ во случај на можни барања од трети лица.
6. Период
Барањата по основ на гаранција може да се истакнат во рок од највеќе 3 години од приемот на испораката на местото определено од МВТ или прифаќањето, освен ако подолг период не е предвиден во Законот. Периодот на ограничување започнува да тече од приемот, ако така е договорено, а во отсуство на договор како е пропишано со закон.
7.Превенција од незгоди
Снабдувачот е обврзан да ја изврши нарачката по сите важечки безбедносни и превентивни прописи и да ги испорача сите безбедносни уреди. Дополнително, Снабдувачот ќе ги почитува сите правила и инструкции од МВТ или операторот на местото за време на испораката и инсталацијата. Снабдувачот е обврзан да се информира претходно за постоењето на такви инструкции. Ако потребните безбедносни уреди или средства не се вклучени во вкупната цена, Снабдувачот ова посебно ќе му го потенцира на МВТ.
8. Интелектуална сопственост
Независно од одредбите од точките 5 и 6, Снабдувачот ќе биде одговорен за повреда на патенти, права на репродукција или трговска марка и други права од интелектуална сопственост во Македонија или странство, поврзано со ипораката на добрата и нивната употреба.
9. Одоговрност за производот и безбедносните мерки
а) Снабдувачот ќе го обештети и чува безбеден МВТ од секакви одговорности кон трети лица за производот или безбедносни барања во врска со производот, ако и се додека причината за штетата е во сферата на одговорност на Снабдувачот и Снабдувачот е самиот одговорен кон третото лице.
б)По однос на таквото обесштетување и одговорност, Снабдувачот ќе ги покрие трошоците на МВТ настанати со таквите барања, како и трошоците на МВТ потребни за превенција на штети од отповикувања или други безбедносни мерки. МВТ ќе го информира снабдувачот колку е можно за видот и намената на отповикувањето или безбедносната мерка и ќе му остави можност да се произнесе. Независно, сите останати задолжителни барања важат.
10. Фактури и плаќања
а.)Фактури нема да се праќаат заедно со испораката, туку мора да се пратат одделно и издадени со бројот на нарачката, по пошта или на е-меил наведен во нарачката.
б.)Ако не е договорено поинаку, МВТ ќе плаќа во рок од 30 дена по приемот на точна и проверена фактура и нарачаните добра.
в.)Побарувањата на набдувачот кон МВТ можат да се пренесат на трети лица само со писмена согласност на МВТ.
г.)МВТ ги задржува сите задолжителни права на задржување или приговори.
д.)Заради организациони причини плаќањата на МВТ се секогаш ефектуирани без проверка на исполнувањето на договорот од страна на Снабдувачот. Плаќањата не може да се сметаат како признанија од каков и да е вид и не значат дека испораката е во согласност со договорот.
11. Документи
А) На барање, Снабдувачот е обврзан да му обезбеди на МВТ планови, нацрти, пресметки и сл. Во врска со предметот на испорака на проверка и одобрување, па по проверката, истите да ги испорача во бараното количество. На барање, Снабдувачот ќе му достави на МВТ нацрти на основните резервни делови со доволна информација за набавка на тие делови.
МВТ ќе ги стави достапни овие документи на трети лица само ако е потребно за замени, поправки или препродажба на испорачаниот предмет.
Б) Документи, модели, форми и алатки на МВТ- дури и ако се произведени од Снабдувачот- стануваат или остануваат исклучива сопственост на МВТ и, независно од соодветните барања на МВТ, мора да бидат вратени на МВТ во исправна состојба, заедно со испораката на останатите добра. МВТ ги задржува сите права на интелектуална сопственост на таквите средства. Секакво право на Снабдувачот на овие средства е исклучено. Овие средства не смеат да бидат достапни на трети лица, да бидат употребувани од Снабдувачот за намени на трети лица или сопствени потреби, или да се употребуваат за рекламни намени. Снабдувачот ќе ги чува и одржува средствата со добра грижа, така што цело време да бидат во работна состојба. Како трети лица по одредбите од оваа точка се сметаат и дистрибутерите на производи на МВТ.
в.) Овие одредби исто се однесуваат на производи, модели и документи произведени во соработка меѓу МВТ И Снабдувачот или се изменети по сугестија или со соработка на Снабдувачот.
г.)На барање, Снабдувачот ќе му достави на МВТ сертификати за потекло, (долгорочни) изјави на снабдувачот за преференцијалниот статус на потекло, како и други документи во врска со барањата на надворешна трговија. Снабдувачот ќе го информира МВТ за сите рестрикции или барања за овластувања за ре-експорт.
12. Пратки
а)Предметот на испорака мора да биде пратен запакуван и без никакви давачки на местото на прием определено од МВТ. МВТ мора да биде информиран за подготвеноста за испраќање најмалку 5 работни дена пред испраќањето, И за испраќањето без непотребно одлагање.
б) Снабдувачот мора да ги означи референтниот број, бројот и датата на нарачка и местото на испорака на транспортните документи ( белешка за пратка, формулар на пратка, сметка за товар и др.) Адресата за испорака назначена од МВТ мора стриктно да се почитува.
ц)Кај индивидуално пакуваните добра, експресните и поштенските пратки како и колективните пратки, секоја единица мора да биде означена со ознаки на кои има референтен број, број и дата на нарачка и место на испорака.
в.) Испратницата со број на нарачка мора да се закачи на секоја пратка. Секоја нарачка посебно ќе се третира во транспортнитедокументи.
г.)Ако не е поинаку изречно договорено, официјално утврдената тежина е решавачка за секаква пресметка на цена врз основа на тежина или по парче. Во овој случај алатите или помошната опрема нема да се товара заедно со добрата за испорака; во спротивно Снабдувачот ќе ги сноси трошоците на претоварот. Тежината означена во понудата може да има толеранција за отстапка од +/- 5%.
д.)Задоцнетите останати испораки ќе се извршат без транспортни и други трошоци за МВТ. Дополнителни трошоци од употреба на побрзи транспортни средства за да се намали задоцнувањето на Снабдувачот ќе се сносат исклучиво од Снабдувачот.
13. Осигурување
а)Транспортно Осигурување и осигурување на тежок товар мора да се договорат од превозникот или кран компанијата на нивни трошок.
б)Снабдувачот ќе склучи и исполнува општо осигурување и осигурување од одговорност за штета од продукти со покритие најмалку 500.000 евра за лични повреди/ имотна штета.
14. Пакување
Снабдувачот е одговорен за соодветно пакување. Снабдувачот ќе употреби заштита на кутиите при испорака на добрата во кутии. Ако е можно и ако не е договорено поинаку, материјалот за пакување ќе биде вратен без транспортни трошоци за редукција на 2/3 од фактурираната цена на пакувањето.
15. Законитост (усогласеност)
Снабдувачот ќе ги почитува сите прописи на сила. Ќе се сообрази на принципите на Глобал Договор на ООН и ќе бара почитување на истите од своите договарачи на соодветен начин. Снабдувачот нема да толерира никаква форма на измама или корупција. Ќе ја почитува забраната за детски и присилен труд и ќе ги штити правата на неговите вработени и природната средина. Ако Снабдувачот ги повреди гореспомнативе принципи и не го корегира своето однесување и покрај доставените барања од МВТ, МВТ може да го раскине овој Договор и/или да ја откаже секоја нарачка без натамошни известувања и без последици за кое и да е друго право на МВТ.
16. Задолжителни минимални плати
Снабдувачот гарантира дека ги почитува сите прописи за минималните плати во земјите каде работат неговите вработени, ако тие прописи се обврзувачки за Снабдувачот. Тој гарантира дека третите лица о кои работи за исполнување на договорот со МВТ исто ги почитуваат таквите прописи. По барање, Снабдувачот ќе му достави на МВТ документи за платите без неоправдано одложување. Снабдувачот ќе го обесштети МВТ во случај на секаква повреда на таквите прописи и ќе го заштити МВТ од секакви барања за штета од повреда на прописите за плати сторени од Снабдувачот или од него ангажирано трето лице во извршување на договорот за МВТ.
17. Заштита на податоци
а) МВТ ги обработува личните податоци обезбедени од снабдувачот.
Личните податоци се информации што се однесуваат на индетификувано физичко лице, или физичко лице кое може да се индетификува.
б) Обезбедените лични податоци ќе се обработуваат:
За испорака на договорената стока и за обезбедување на договорените услуги,
За наплата, одржување сметка, управување со залихи, телеметрија, статистичка евалуација и внатрешно сметководство
ц)да се провери кредитоспособноста и да се спречи злоупотреба.
д) За таа цел, Снабдувачот/МВТ, исто така, ќе ги пренесе личните податоци до одговорните за обработка на податоци и поврзаните компании што работат за него или до лиценцирани служби за деловни информации или адвокати.
г) Доколку тоа се бара согласнозакон или во интерес на јавната безбедност и ред од перспектива на снабдувачот, или доколку снабдувачот се согласил на ова, МВТ, исто така, ќе ги стави на располагање личните податоци на владините органи, корпорациите под јавни закон или трети страни.(и обратно)
д)Дополнителни информации за обработката на личните податоци се содржани во известувањето за заштита на податоците на снабдувачот, кое му е достапно на снабдувачот во секое време по негово барање и до кое може да пристапи во секое време како и да го превземе од официјалната страна МВТ. (www.messer.mk).
18. Јурисдикција и право во примена
За решавање на спорови надлежен ќе биде Основен Граѓански суд Скопје. МВТ може да поднесе тужба и во местото на регистрираното седиште на Снабдувачот. Ќе се применува правото на Република Северна Македонија. Примената на Конвенцијата за Меѓународна Продажба на Добра е изречно исклучена.