Аргон

Аргон

Што е аргон - аргон во боци - течен агон – технологија на примена на аргон – набавка на аргон

АРГОН  -  AR

Аргон е атом, со симбол Ar и атомска број 18 и атомска маса 39,948. Откриен е во 19 век од страна на Сер Рејли и Сер Вилијам Рамзи. Тој е безбоен, без мирис, не запалив и нетоксичен благороден гас. Тој е потежок од воздухот. Воздухот содржи концентрација од приближно 0,93% аргон. Најважната хемиска особина на аргонот е неговата инерција, но и видливата спектрална линија на агонскиот атом во плазмата, што овозможува аргонот да се применува во осветлувањето. Аргонот исто така често се користи во мешавини во плазма, апликации за заварување и сечење, честопати во комбинација со помала концентрација на други активни компоненти на гас во 2,3,4 и повеќе компоненти гасни смеши.

КОНВЕНЦИИ ЗА НОМЕНКЛАТУРА НА ПР. ARGON 4.6


Квалитетот на гасот се изразува во број на деветки во чистотата. Кога ги гледате Аргон 4.6, Аргон 5.0, Аргон 4,8 или кој било друг број по името на гасот, тој ја искажува чистотата, каде првиот број го претставува бројот на 9-ки во чистотата, а бројот по точката последната цифра во чистотата. Така, Argon 4,6 е 99,996% чист гас. Останатите компоненти се наведени во техничкиот лист со податоци за гасот


СВОЈСТВА НА АРГОНОТ 

За повеќе информации за својствата, како и лесен калкулатор за конвертирање помеѓу единиците, Messer ја предлага својата апликација или во Apple Store или Android Play

ПРИМЕНА НА АРГОНОТ 

Заварување: Благодарение на неподготвеноста да се врзува со други гасови, аргонот е идеален заштитен гас за заварување, дури и при многу високи температури на плазма лак, што е често случај и во обработката на метали. Навистина дури и при многу високи температури, за разлика од азотот, аргонот останува инертен и не формира соединенија со кислород. Аргонот е одличен гас и за MIG  и за TIG заварување. Идеалниот гас за заварување на специфични работи може да се состави со евентуално додавање на други активни компоненти на гас (јаглеродна киселина, хелиум, азот или кислород) во два, три, четири, па дури и повеќе компоненти на гасови. Ласерско заварување а исто така и техники за 3D моментално спојување со металот, станаа важни области за примена на аргонот.
Гаснење: аргонот може да послужи и како агент за гаснење на пожар во области каде што не може да се користи вода или пена
Анализа: аргонот се користи како носечки гас во спектрометријата.
Изолација: аргонот, исто така, може да се најде помеѓу две стакла (позори) заради неговите добри изолациски својства.
Храна: аргонот се користи како заштита од оксидација во текот на дозревање на квалитетни вина.
Медицина: аргонот се користи како ласерски гас за медицински примени, како што се операција на очите, отстранување на вени и за отстранување на тетоважи.
3D постапка за моментално спојување со метал: аргонот го спречува оксидирањето на производите за време на моменталнто спојување со металот

За подетални информации за примената на аргон во целата индустрија, како и стручноста што Messer може да ја обезбеди за да ги реши предизвиците во вашите процеси со нашето знаење за гасови (ние ја нарекуваме технологија на примени), се повикуваме на страниците (на англиски) на нашата корпоративна веб-страница. Тука ќе најдете повеќе информации за истражување и развој со кои располага Месер.

БОЦИ ЗА ГАСЕН АРГОН  


Постојат боци за гас во различни големини и со различни притисоци. Во зависност од видот на гасот во боцата, "рамото" на боцата има различна боја, која е стандардизирана според европскиот стандард EN 1089-3. Во случај кога се работи за аргон, рамото е зелено. Преглед на различните бои на боците со гас може да се најде овде.
Кога имаме аргон под висок притисок, тој отстапува од идеалните прописи за гас. На пример, на притисок од 200 бари, боцата за гас содржи 7% повеќе гас отколку што бараат идеалните прописи за гас. Боцата со гасен аргон на 300 бари содржи до 50% повеќе гасен аргон од боцата со гас со 200 бари. Ова е највисок можен притисок. Во Messer ги нудиме аргон наполнет во боци со  двата типа на притисок .
Како и сите боци, нашите боци со гас се третираат однатре, се сушат и се прават да бидат хемиски неактивни. На овој начин можеме да гарантираме оптимална чистота и да избегнеме нашите клиенти или нашите вработени да бидат изложени на одредени ризици затоа што боците со гас не биле третирани правилно од претходниот корисник.
Бидејќи боците доаѓаат во различни форми и притисоци, важно е да се користи соодветна опрема. На овој начин гасот може да се спроведе до вашата апликација под правилен притисок и со правилна брзина на проток.  За боците со притисок под 300 бари, навојот варира од земја до земја.

ТЕЧЕН АРГОН ВО КОНТЕЈНЕРИ – ТЕЧЕН АРГОН ВО КРИОГЕНИ СТАБИЛНИ РЕЗЕРВОАРИ 


Исто така нудиме аргон во течна форма за големи потрошувачи. Имаме широк спектар на резервоари за складирање со различни капацитети.
За да се задржи температурата на течниот аргон на ниско ниво, аргонот мора да се чува во криогени садови. Можете да ги купите или изнајмувате овие криогени контејнери (канистри  или преносен течен сад (PLC), криогеничен резервоар или мини резервоар со течен гас (mini-bulk). Поради екстремно ниските температури, мора строго да се почитуваат регулативите за безбедност. На пример, се препорачува да носите криогени заштитни ракавици или други специјални заштитни ракавици.


БЕЗБЕДНОСНИ ЛИСТОВИ И ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА АРГОН 


За повеќе информации, прочитајте на нашиот Пронаоѓач на производи на оваа веб страна.
КУПИ АРГОН  (НАБАВКА)
Како компанија или како приватно лице, можете да купите гасен аргон на едно од нашите места за дистрибуција во вашата земја или во мрежата за дистрибуција на Месер ширум светот. Повеќето клиенти ги нарачуваат нашите боци преку Интернет или по телефон. Во зависност од местото на дистрибуција, можете да ги превземете боците или да Ви ги испорачаме. Боците се достапни во различни големини. Ви нудиме целосен асортиман на гасови за заварување ( Feroline, Inoxline,  Aluline,  Lasline), почнувајќи од индустриски аргон до висококвалитетни гасови и специјализирани мешавини. За повеќе информации за заварувачките гасови, ласерските и 3D-постапка на моментално спојување прочитајте на страниците за „гасови за заварување“
(Додадете го тука портлетот за преземање со сите брошури на вашиот јазик или упатете се на централната веб-страница за англиските брошури)

 

Asset Publisher

Дистрибутивни центри

Дистрибутивни центри

Дистрибутивни центри во Ваша близина – опција за превземање или испорака – Опрема „совршен спој“- Опции за нарачки - Безбедносни аспекти

Asset Publisher