АЗОТ - N2
Азотот е атом, со симбол N, атомски број 7 и атомска маса 14.0067. Во природата, азотот се дели за да формира стабилен хемиски елемент. Откриен е во 18-ти век од Даниел Рудерфорд. На нормална амбиентална температура, азотот е гас (гасен азот), но ако го изладите на температура од 77,4 ° Келвини (-195,76 ° Целзиусови), азотот станува течен (течен азот). Азотот е суштински елемент од биолошкиот живот на земјата. Азотот го има во протеини, во вашата ДНК и во органските компоненти на животните. Гасниот азот е инертен гас и е главен состав на воздухот. Воздухот се состои од 78% азот, 20,8% кислород и неколку други благородни гасови (Аргон, Хелиум, Неон и Ксенон).
КОНВЕНЦИИ ЗА НОМЕНКЛАТУРА НА КВАЛИТЕТОТ НА АЗОТ на пр. АЗОТ 5.0
Квалитетот на гасот се изразува во број на деветки во чистотата. Кога ќе видите азот 5.0, азот 6.0, .. или кој било друг број по името на гасот, тој ја искажува чистотата, каде првиот број го претставува бројот на 9-ки во чистотата а бројот после точката последната цифра во чистотата. Според тоа Азот 5,0 е 99,999% чист гас. Останатите компоненти се наведени во техничкиот лист за гасот. Ова нè води кон друг важен аспект за квалитетот: бидејќи азотот често се употребува во апликациите за храна, преостанатите компоненти не можат да бидат токсични или да мирисаат. Затоа, азотот (и неговите мешавини) за примена во храна понекогаш се нарекува „FOOD GRADE“(погоден за употреба во храна) бидејќи производните процеси и синџирот на снабдување се дизајнирани на таков начин што FOOD GRADE квалитетот може да гарантира до моментот на употреба. Во Messer го нарекуваме нашиот FOOD GRADE азот GOURMET N, при што GOURMET означува квалитетни гасови за храна, а N - Nitrogen (азот).
СВОЈСТВА НА АЗОТОТ
За повеќе информации за својствата, како и лесен калкулатор за конвертирање помеѓу единиците, Messer ја предлага својата апликација или во Apple Store или Android Play
ПРИМЕНА НА АЗОТОТ
Инертизација: азотот е многу инертен и не реагира на други гасови при нормални температури на околината. Инертните својства на азотот го прават одличен гас-носител, што може да се користи во мерни методи, во складови со храна и во поголеми размери во металуршки и хемиски процеси. Со зголемувањето на процентот на азот во атмосферата се намалува природната содржина на кислород кој ја зголемува температурата на експлозија на запаливите соединенија. Така, може да се избегне опасност од пожар ако содржината на кислород се намали за неколку проценти и се замени со азот
Капацитет на замрзнување: гасниот азот се претвора во течен азот кога ќе се донесе на ниска температура (-195,76 ° C). Енталпијата складирана во текот на овој процес е достапна како капацитет за ладење во течниот азот: може да се користи за шок замрзнување на прехранбени производи (тие ја задржуваат влагата бидејќи sидовите на клетките не се оштетени), сушење со замрзнување (водата замрзнува), контролираното ладење на хемиските процеси и за производство на лекови. Постојат многу други апликации на ова сретство за разладување што не оставаат никаква трага. Тоа е затоа што азотот испарува и се враќа во својата природна средина, воздухот. Друга околина е молекуларната кујна, каде течниот азот се користи за создавање прилично атрактивни јадења и уникатни комбинации.
Азотот реагира со кислородот само на многу високи температури. Тогаш се формираат азотни оксиди (NO, NOx и NOx). Добро познати примери се моторот за согорување и одредени процеси на заварување. Во ваков случај, азотот потоа се заменува со уште повеќе инертни гасови како што се аргон и хелиум.
За подетални информации за примените на азот во целата индустрија, како и стручноста што Messer може да ја обезбеди со нашето знаење за гасови за да ги реши предизвиците во вашите процеси (ние ја нарекуваме технологија на примена - application technology), видете на страниците (на англиски) на нашата корпоративна веб-страница. Таму има повеќе информации за истражувањата и развој што ги предлага Месер.
АЗОТ ВО КОНТЕЈНЕРИ И БОЦИ
Постојат боци за гас во различни големини и со различни притисоци. Во зависност од видот на гасот во боцата, "рамото" на боцата има различна боја, која е стандардизирана според европскиот стандард EN 1089-3. Во случај кога се работи за азот, тоа е црно. Преглед на различните бои на боците со гас може да се најде овде (линк до страницата со боите, алтернативно апликацијата). Боца со азот од 300 бари содржи до 50% повеќе азот од боца со гас од 200 бари. Ова е највисок можен притисок што во моментов се користи во индустријата
Како и сите боци, нашите боци со гас се третираат однатре, се сушат и се прават да бидат хемиски неактивни. На овој начин можеме да гарантираме оптимална чистота и да избегнеме нашите клиенти или нашите вработени да бидат изложени на одредени ризици затоа што боците со гас не биле третирани правилно од претходниот корисник.
Бидејќи боците доаѓаат во различни форми и притисоци, важно е да се обезбедат точните додатоци. На овој начин гасот може да се спроведе до вашата апликација под правилен притисок и со правилна брзина на проток. За боците со притисок под 300 бари, навојот варира од земја до земја.
ТЕЧЕН АЗОТ ВО КОНТЕЈНЕРИ – ТЕЧЕН АЗОТ ВО КРИОГЕНИ РЕЗЕРВОАРИ
За да се задржи температурата на течниот азот на ниска, азотот мора да се чува во криогени садови. Можете да ги купите или изнајмувате овие криогени садови (канистри или преносен течен сад (PLC), криогеничен резервоар или mini-bulk (мал резервоар со течен гас). Поради екстремно ниските температури, мора строго да се почитуваат регулативите за безбедност. На пример, се препорачува да носите криогени заштитни ракавици или други специјални заштитни ракавици.
БЕЗБЕДНОСНИ ЛИСТОВИ И ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА АЗОТ
За повеќе информации, прочитајте на нашиот Пребарувач на производи на оваа веб страна
НАБАВКА НА АЗОТ
Можете да купите гасен азот како компанија или како приватно лице на едно од нашите дистрибутивни места во вашата земја или ширум светот. Повеќето клиенти ги нарачуваат нашите боци преку Интернет или по телефон. Во зависност од местото на дистрибуција, можете да ги превземете боците или да Ви ги испорачаме. Јавете ни се за повеќе информации во врска со опциите за испорака или консултирајте се со нашето Depot portlet за да го најдете најблиското место за испорака.